Поради поплавите, македонскиот Црвен крст во постојан контакт со бугарскиот
Црвениот крст на Република Македонија од минатиот петок е во постојан конктакт со Црвениот крст на Република Бугарија поради состојбата со поплавените подрачја во Варна.
Делегација на Црвениот крст на Македонија денеска заминаа во посета на бугарскиот Црвен крст.
- Согласно проценките на Националното друштво на Црвен крст Бугарија, во овој период немаат потреба од помош од надвор, но согласно нивните проценки и потреби во наредните денови, остануваме подготвени да дејствуваме и да ги мобилизираме нашите човечки и материјално технички ресурси доколку е потребно, соопшти денеска Црвениот крст на Република Македонија.
Делегација на Црвениот крст на Македонија денеска заминаа во посета на бугарскиот Црвен крст и ќе воспостават контакт со надлежните служби кои постојано ја мониторираат состојбата на терен.
МИА
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа