Јелена Жугиќ влегува во Собранието?

 

Актерката Јелена Жугиќ е следна на листата на ВМРО-ДПМНЕ, откако директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова си поднесе оставка на пратеничката функција. Жугиќ прва ќе има можност да се одлучи, дали раководното место во Театарот Комедија ќе го замени со пратеничко столче. 
Таа е на деветата позиција на листата на ВМРО-ДПМНЕ во оваа изборна единица. Со глед на тоа дека токму од првата изборна единица оставки од пратеничките функции поднесоа и премиерот Груевски, како и министрите Диме Спасов и Елизабета Канческа Милеска, можност за влез во Собранието ќе добијат и докоторот Андон Чибишев, директор на Токсикологија и искусната пратеничка Светлана Јакимовска. 
Нема информации дали овие кандидати ќе ги прифатат пратеничките мандати.

Вака изгледаше листата на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица

1.       М-р Никола Груевски
2.       Лилјана Попоска
3.       Елизабета Канческа Милеска
4.       Аспазија Софијанова
5.       Диме Спасов
6.       Љупчо Димовски
7.       Фатмир Имеровски
8.       Даниела Рангелова
9.       Јелена Жугиќ
10.  Андон Чабишев
11.   Трајче Донев
12.   Светлана Јакимовска
13.   Драган Данев
14.   Јасмина Дамческа
15.   Оливер Зафировски
16.   Дарко Трајкоски
17.   Ива Тоневска
18.   Владимир Нелоски
19.   Зоран Петров
20.  Кенан Абди

23.06.2014 - 13:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега