Автомобил излета од патот кај Чашка, меѓу повредените и дете

 

Двајца повредени кај општина Чашка откако со возило „фолксваген поло“ излетале од патот.

-Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 01.45 часот на регионалниот пат село Теово-село Согле, општина Чашка, патничко возило „фолксваген поло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.С.(31) од село Пешталево, општина Долнени, излетало надвор од коловозот.  Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка, констатирани во болницата во Прилеп. По овластување на јавен обвинител од Велес, увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес, велат од МВР.

 

27.10.2024 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега