Упис во средните училишта - слободни 35.195 места

 

Во јавните средни училишта во Македонија денеска и утре е првото пријавување и запишување ученици во прва година во учебната 2014/2015 година, а слободни се 35.195 места за идни средношколци.

Резултатите од пријавувањето ќе бидат објавени на 25 јуни. Во јунскиот рок ќе има и второ пријавување - на 30 јуни и 1 јули, а пријавувањето и запишувањето во августовскиот рок ќе се врши на 21 август.

Слободните места во Конкурс се усогласени со  потребите на пазарот на труд, а притоа МОН  се фокусираше главно на средните стручни училишта.  Пред три месеци, кога беше објавен конкурсот, МОН апелираше  полуматурантите да се запишуваат во стручните училишта затоа што стручниот кадар е дефицитарен и побрзо ќе најдат работа.

Новина во Конкурсот беа посочени 13 реформирани струки за тригодишно средно образвование кои МОН ги  креираше со поддршка на ЕУ.

Покрај воведувањето  13 нови профили во различни средни стручни училишта на територијата на РМ, отворени се комплетно  нови паралелки за новоформираното средно медицинско училиште во Гостивар и во Охрид, каде што гимназијата се дели на две посебни училишта во кои ќе има стручно и гимназиско образование.  Во огласот оваа година беа објавени и седум дисперзирани одделенија на спортската  гимназија.

23.06.2014 - 12:26
Фото: 
вистина
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега