ФОТО: Хаос во паркот„Жена борец“ во Скопје - Вандали ги кршеле клупите
Вандали превртувале и кршеле клупи во паркот „Жена Борец“ во центарот на Скопје, фрлале отпад и оставиле хаос позади себе.
Фотографиите деновиве ги споделуваат по социјалните мрежи граѓани на Скопје со апел да се стави крај на хаосот.
Граѓните бараат итни мерки од Општина Центар.
За потсетување, ЗЕЛС едногласно ја усвои Иницијативата предложена од Општина Центар за меѓуинституционална соработка и воведување општокорисна работа за малолетни сторители на вандализам.
„Вандализмот зема замав во сите општини и е сериозен проблем што бара итна реакција. Малолетните сторители мора да се соочат со соодветни мерки, а одговорноста ја делат и нивните родители, истакна градоначалникот Горан Герасимовски.
____________________________________________________________________________