Убиство во Скопје: Едно лице убиено, друго рането со два куршуми
Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случилa во Топанско поле во Скопје.
Според информациите, двете лица се на возраст од 35 години, а неофицијално, таткото на убиеното лице е член на ДУИ и бил директор во некоја од инспекциските служби.
Повреденото момче е во градската болница Свети Наум, во стабилна состојба.
- „На полноќ се донесени двајца пациенти, едниот без знаци на живот. Другиот со две прострелни рани, едната во лумбална регија, другата во подлактица и е во стабилна состојба“, велат од болницата за „Скопје1“.
Се очекуваат детали од МВР за престрелката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа