Сандра Африка си го одврза јазикот: Го откри името на колешката со која го фати бившиот
Сандра Африка реши да проговори и откри нови детали за нејзиното поранешно момче Владимир Волков кој ја изневерил.
Сандра Африка отсекогаш го држела својот приватен живот подалеку од медиумите, но не беше тајна дека беше во врска со Владимир Волков со кој имаше многу турбулентни односи.
Иако на прв поглед се изгледаше идилично, пејачката откри дека, за жал, доживеала големо предавство и измама. Наводно, една од жените со кои ја изневерувал била нејзината колешка Ивана Бум Николиќ.
Не ми беше пријателка, туку колешка. Само си кажувавме „здраво, здраво“, не се дружевме. Раскинавме и не бевме заедно околу три или четири месеци. А потоа се слушнавме по некое време и почнавме повторно да се гледаме. Слушнав некаде дека е со оваа моја колешка и ми кажа дека се гледале, но дека повеќе не е со неа. Ме излажа за тоа бидејќи продолжи да се гледа и неа и мене“ – рече Африка во подкастот „Восткаст“ и продолжи:
„Го слушнав нејзиниот глас како вреска: „Пушти ме, пушти ме“ бидејќи не ѝ дозволуваше да ја отвори вратата. Бев како: Не знам што сакате, можеби тројка (се смее)“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа