Пратениците денеска со полни раце работа
Во македонското Собрание денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе одржат две седници, на едната ќе има Јавна расправа на тема „Спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство“, а на другата Предлог Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025 -2027 и Предлогот за основање на работна група за следење на спроведувањето на Акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на Собранието на Република Северна Македонија 2025-2027.
Седница ќе одржи и Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика која ќе расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, точка која е на дневниот ред и на Законодавно-правната комисија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа