Оваа недела одиме до 40 степени? - еве како ќе биде времето на наредните денови

 

Во понеделник ќе биде сончево и топло. Слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од 7°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 24°C односно до 33°C. УВ индекс 8.

Во Скопје во понеделник ќе биде претежно сончево и топло. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 13°C,а максималната дневна температура ќе достигне до 30°C. УВ индекс 8.

Во Македонија во вторник ќе биде сончево и топло со дневни температури кои ќе се движат од 26°C до 35°. Ќе дува слаб јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој понекаде ќе достигне брзина и до 35км/ч. Утринските температури ќе бидат во интервал од 9°C до 18°C. УВ индекс 8.

 

Сончево и топло но и ветровито ќе биде во среда. Ќе дува засилен јужен и југоисточен ветер кој ќе достигне брзина и до 30км/ч, а во западните предели ќе дува засилен југозападен и западен ветер кој ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Утринските температури од 9°C до 18°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 27°C до 36°C. УВ индекс 8.

Во четврток можна е мала дестабилизција, но сепак, температурите остануваат реалтивно високи, а во делови од земјава ќе надминат 36 степени.

Од петок, стабилизација и сончево и топло време со температури над 35 степени. 

23.06.2014 - 11:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега