Се одбележува Денот на Охридското Езеро

 

Денот на Охридското Езеро, 21 Јуни, денеска ќе биде одбележан во Поградец, Република Албанија.

На одбележувањето каде ќе биде организиран саем на традиционални производи, културни и спортски манифестации, ќе присуствува делегација на општина Охрид.

По повод Денот на езерото отворени ќе бидат и два хотелски капацитета.

Денот на Охридското Езеро се одбележува од 21 јуни 2000-та со различни активности, најизменично секоја година во трите езерски градови - Охрид, Струга и Поградец. Целта е симболично да се покаже грижата за заштита на езерото од македонска и од албанска страна. 

21.06.2014 - 10:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега