Радост: Ни почнува летото

 

Летото на северната Земјина полутопка почнува денеска во 12:51 часот.

Во исто време за жителите на јужната Земјина полутопка почнува зимата. Земјата ќе биде најдалеку од Сонцето на 4 јули во 02 часот.

Денеска денот ќе биде најдолг, а ноќта најкратка.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во централните делови и кон исток со мала до умерена облачност, а кон крајните западни и северозападни делови се уште ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.

21.06.2014 - 10:09
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега