Ги „дерат“ граѓаните: ДПИ откри маржи од 40 до 70 отсто
Државниот пазарен инспекторат ги заврши контролите на маркетите и дистрибутерите се со цел да се открие зошто се толку високи цените на производите. ТВ21 пренесува дека неофицијалните информации се дека се откриени прозиводи со бруто маржа од 40 до 70 отсто што директно го кршат Законот за нефер трговски практики кој предвидува далку помалку маржи на производите.
Од ТВ21 посочуваат дека дистрибутерите на производи од странство, користејќи ја својата економска моќ, наметнувале свои цени, кои влијаеле негативно и на производите од домашно производство. Сево ова влијае на крајната цена која ја плаќаат граѓаните.
Информациите велат дека Државниот пазарен инспекторат почна со контрола и на производителите, со посебен акцент на кондиторската, месната и млечната индустрија. Оваа контрола ќе биде најсложена од сите и веројатно ќе има потреба од меѓуресорска соработка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа