Лоша вест: Еве какво ќе биде времето денеска

 

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, во централните делови и кон исток со мала до умерена облачност, а кон крајните западни и северозападни делови се уште ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 15, а дневната од 20 до 29 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде малку до умерено облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотрајна нестабилност. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 25 степени.

В недела и в понеделник ќе преовладува претежно сончево време со мала умерена облачност и со пораст на дневните температури.

Преодна нестабилност се очекува повторно во среда. 

21.06.2014 - 09:59
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега