Моторџии се повозија низ гостиварските улици

 

Педесетина членови на на гостиварскиот мото-клуб „Ендуро“ извозеа круг низ гостиварските улици и предупредија на поголемо внимение од останатите учесници во сообраќајот.

Мото-дефилето е во рамки на „Неделата на мотоциклистите“, чии носители се Министерството за внатрешни работи и  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 - Целта на кампањата е возачите повеќе да внимаваат на мотоциклистите и да ги третираат како рамноправни учесници во сообраќајот. Токму оваа група се една од најранливите категории учесници во сообраќајот. Многу пати и од многумина возачи не им се отстапува доволно место на коловозот, а поединци кон нив не се однесуваат стрпливо и одговорно, изјави Шабан Амети, член на Репбличкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

Покрај возењето во група, моторџиите им делеа флаери на возачи на автомобили, комбиња, автобуси и пешаци.

20.06.2014 - 17:28
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега