Одлуката на СДСМ - "Грчка национална гордост"

 

Грчкиот печат и он-лајн медиумите информираат за одлуката на опозицијата предводена од СДСМ да не ги прифаќа пратеничките мандати. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, простор на оваа информација и отстапија и дел од националистичките блогови како „Грчка национална гордост“.

Весникот „Елефтеростипос“ пишува дека 33 од 34 членови на опозициската коалиција предводена од Зоран Заев од СДСМ ја поднеле својата оставка во Парламентот, по одлуката на опозицијата да не ги признае резултатите одржани од изборите на 27-ми април, годинава.

Претходно, во изјава за порталот „ЕуроАктив“, Заев поразот го правдаше тврдејќи дека Македонците се контролирани и не ја искажуваат слободната волја, а Македонија ја опиша како диктатура. Врз основа на изјавата на Заев, порталот во продолжение коментираше дека демократските стандарди во Македонија наводно се влошиле, со што била доведена во прашање релевантноста на препораката на Европската Комисија за одредување датум за старт на преговорите со ЕУ.

Дел од експертската јавност во Македонија во континуитет предупредува дека ваквото однесување на опозицијата е штетно за македонските позиции во ЕУ, а корисно е само за оние што противправно не блокираат во меѓународните организации.

29.05.2014 - 13:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега