Тринаесетгодишно девојче од Србија ја изболо и усмртило 7-годишната сестра со нож во Германија

 

Во источногерманскиот град Лајпциг, седумгодишно девојче почина откако нејзината 13-годишна сестра наводно ја избодела со нож, јавува „ДПА“.

Инцидентот се случил во петокот вечерта, кога полицијата била повикана во станбена зграда во квартот, каде пронашла тешко повредено седумгодишно девојче. Девојчето било пренесено во болница, но подоцна им подлегнало на повредите.

Од полицијата потврдија дека 13-годишната сестра на девојчето моментално се лекува на специјалистичка клиника и е под надзор на психолог. Истрагата за инцидентот е во тек, а полицијата засега не открива дополнителни детали.

„Билд“ пишува дека се работи за семејство од Србија, а семејниот суд во Лајпциг би можел да нареди девојчето да биде сместено во дом.

Родителите на девојчињата наводно не биле во станот кога се случила оваа трагедија.

 
27.10.2024 - 11:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега