ССК донира хуманитарна помош за Србија и БиХ

 

Сојузот на стопански комори се приклучи кон хуманитарната акција за помош на поплавените во Србија и во Босна и Херцеговина.

Вчера се испратени 40 илјади литри вода, помош од компанијата „Трансмет“ и „Боми 10 логистик“, а од ССК денеска информираа дека и останатите компании индивидуално се организираат и помагаат секој во својот домен на дејствување.

- Сојузот на стопански комори во соработка со Црвениот крст на Република Македонија ја следи состојбата и ќе помага во зависност од апелот за потреба на количина материјали кои се неопходни за населението (вода, храна, апчиња, хигиенски средства, храна за бебиња и сл.) со парични средства, како и со донации на телефонскиот бројот 143 400, се наведува во соопштението. 

19.05.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега