Дивјак-Томиќ: Реакцијата на македонскиот народ е импресивна!

 

Амбасадорката на Србија во Македонија, Душанка Дивјак - Томиќ, која денеска присуствуваше на хуманитарната акција која се одржува на скопскиот плоштад „Македонија“, се заблагодари за помошта која македонските граѓани ја обезбедуваат за поплавените подрачја во Србија.

-Ова е импересивно, македонскиот народ реагираше исклучително, прискокна во помош веднаш по апелот на Србија. Тоа што ни се случи, не го памети никој во Србија, голема површина во Србија е зафатена. Им се заблагодарувам и на Владата и на народот на Македонија. Приоритетно е се, ова ќе биде исклучително вреднувано во Србија и се надевам ќе стигне помошта каде што ќе треба. Ова е почеток, допрва ќе треба уште помош, искрено се надеваме дека помошта ќе продолжи да се упатува во количини во кои македонскиот народ има можност, но и најмала поединечна помош за нас е драгоцена, вели амбасадорката на Србија, Дивјак-Томиќ во изјава за А1Он.

18.05.2014 - 15:07
Фото: 
A1On
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега