ВИДЕО: Дилерите се заплеткаа во “мрежата“ на МВР - жестока полициска акција во Скопје
Министерството за внатрешни работи денеска на нозе. Во рамки на Оперативната акција „Мрежа“, полицијата реализираше два одвоени случаи во кои се откриени дилери со марихуана и хероин, како и поголем број на поединечни дози од двата вида наркотици подготвени за улична продажба.
Како што информираат од полицијата, во првиот случај со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје е предаден 28 годишниот М.К. од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога, по добиеното сознание дека пријавениот, од засега непознато лице од земјава, набавил поголема количина марихуана, која ја препакувал за улична продажба, превзеде интензивни оперативно-тактички мерки и активности за обезбедување на материјални докази, при што е утврдено дека пријавениот, марихуаната најчесто ја продавал од својот дом во Кисела Вода или во непосредна близина на неговиот дом. Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога, постапувајќи по добиеното сознание, во непосредна близина на домот на пријавениот, легитимирале и извршиле личен преглед на четири лица, при што кај истите се пронајдени и одземени четири паковки со марихуана. Со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата, извршен е претрес и во домот на пријавениот, при што се пронајдени и одземени 88 паковки марихуана (вкупно 175,62 гр.) за улична продажба, една поголема кеса со наркотична дрога марихуана (290 гр.), една дигитална вага и 68.000 денари во разни апоени, а М.К. е лишен од слобода. Инаку, пријавениот е регистриран како извршител на имотни деликти, деликти проследени со насилство и недозволена трговија со оружје, за што во периодот 2000/2012 му се поднесени 10 кривични пријави за извршено вкупно 31 кривично дело, а од надлежен Суд му се изречени пет мерки Засилен надзор од социјален орган и една условна осуда.
-Во вториот случај, поднесена е кривична пријава против Х.А.(36) и З.Х.(32), двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, за што од страна на Судија во претходна постапка им е изречена мерка притвор во траење од по 30 денови. Имено, првопријавениот во месец Април, од засега непознато лице, купил неодредена количина на хероин која ја препакувал за улична продажба и заедно со неговата пријателка второпријавената, со која живеат во Гази Баба, истата ја продавале на уживатели и тоа најчесто во нивниот дом или ја разнесувале со возило на претходно договорени места на подрачјето на градот. Полициски службеници од Единицата за прв одговор и интервенција „АЛФА“ при рутинска контрола на патник во такси возило пронашле една полиетиленска паковка во која имало поголема доза на хероин. Лицето е лишено од слобода и предадено во Единицата за недозволена трговија, каде полициските службеници утврдиле дека 4, 12 хероин приведениот ги купил од домот на пријавената за 5.000 денари. Со наредба од Судија на претходна постапка, од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, извршен е претрес во домот на пријавените при што се пронајдени и одземени 214,49 грама хероин, спакуван во 49 паковки за улична продажба и 99 грама смеса од парацетамол и кофеин, која се користи за мешање со хероинот. Осомничената е приведена и по изречената мерка од Судија на претходна постапка предадена е за издржување на 30 дневен притвор, додека првоосомничениот, кој при претресот се наоѓал во болница на укажување помош од зависности од дрога, по препорака на одговорен лекар мерката притвор ќе ја издржува во арестантско одделение во Клинички центар. Инаку, осомниќениот уште како малолетник е регистриран сторител на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што во периодот од 1994 г. до 2012 г. му се поднесени 21 кривична пријава за сторени вкупно 61 кривично дело, а од надлежен Суд му се изречени пет мерки засилен надзор од социјален орган, една условна осуда и две казни затвор. Од друга страна, како сторител на кривични дела од областа на недозволената трговија е регистриран во 2004 година и од тогаш до денес му се поднесени 9 кривични пријави за недозволена трговија со дрога и една кривична пријава за недозволена трговија со оружје, за што од надлежен Суд му се изречени три казни затвор, стои во полициското соопштение.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа