Казни за трговците кои ги зголемија цените на храната и опремата за спасување

Расим Љајиќ, заменик премиерот на Србија изјави дека сите оние трговци кои се обидоа да заработат пари користејќи ја тешката ситуација во Србија ќе бидат казнети.

 

Тој изјави дека вчера се поднесени 83 пријави против продавачи кои сакале да продаваат намирници по многу повисоки цени. 

Речиси 55 проценти од жалбите се однесуваат на Град Белград и општините кои не се погодени од поплавите, каде што трговците ја зголемувале цената на флаширана вода, а имало случаи на зголемување на цената на гумени чизми.

18.05.2014 - 10:53
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега