Што пишуваат српските медиуми за помошта од Македонија

Голема благодарност за сите земји кои испраќаат помош изразуваат српските медиуми. Меѓу нив и Македонија, кој денеска испрати чамци, специјалви, лекови, електрична енергија и транспортен хеликоптер со комплетен екипаж.

-Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски денеска телефонски го побарал градоначалникот на Белград Синиша Мали му ја пренел поддршката од Скопје во борбата против последиците од поплавите, Трајановски го известил Мали дека Скопје испратил десет илјади вреќи за одбрана од поплавите, пишуваат српските медиуми.

Ти пишуваат и дека македонската Влада одлучила да испрати помош до Србија во областите погодени од поплавите.

-Во Србија стигнуваат бројни спасувачи од Македонија, гумени чамци, 20 агрегати за струја, 23 пумпи за вода, две мултифинкционални дизел пумпи и пет пластични чамци. Амбасадата на Македонија во Белград стои на располагање за целокупна помош и известува дека Македонците кои живеат на територија на Србија, отвориле неколку пунктови за собирање помош, пишуваат медиумите во Србија.

 

 

17.05.2014 - 23:02
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега