ВИДЕО/ФОТО: „Луѓе ми отиде се“ - поплавите ја срушија куќата, сопственикот во солзи!

Незапамтените поплави оштетија голем број на домаќинства во БиХ, а граѓаните и понатаму стравуваат од дождовите кои не престануваат. Во населбата Сврака камерите снимиле рушење на куќа предизвикана од лизгање на земјиштето. 

Ноќта била тешка во БиХ, каде поплавите имале незапаметени размери. Водата ги однела и мостовите, а некои делови од земјата снемала струја. 

Жителите во Сврака во близина на Сараево, го дочекаа утрото во страв. Лизгањето на земјиштеот, кое се случила вчера е закана за целосно уништување на некои места. Морале да бидат евакуирани 150 жители. 

Во видео снимката по четвртата минута од рушењето на куќата во Сврака, почнува ноќната мора за немоќните жители. Во еден момент куќата се преполовила и се срушила. Несреќниот сопственик викал „Ми отиде се“. 

Во местото Подгај се активираше и лизгањето на земјиштето кое затрупа осум куќи. Неколкумина се повредени. Пензионер од Братунца е првата жртва на поплавите, кој умре во обид да ја спаси стоката. 

Самохраната мајка Надина Софтиќ од Маглаја со штотуку родените близначиња, остана во четвртокот заробена во сопствената куќа. Без струја, вода и храна за бебето. Таа неколку часа чекала помош. Спасена е во четвртокот во 22 часот. 

 

 

16.05.2014 - 17:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега