Поплавите ја однесоа и третата жртва во Србија

Пожарникрарот ж Д.Л. (42) од Топола утринава  настрада во акцијата за спасување на реката Јасеница. Поплавите предходно однесоа еден живот во Белград. Како што пренесува  Б92, спасувачот Д.Л. изутринава околу 6.30 скокнал во надојдените води на реката Јасеница кога му се откачила сајлата додека спасувал еден мештанин кој го преминувал мостот меѓу селата Горович и Жабаре. 

Се трага по телото на пожрникарот Д.Л. , јавија агенциите во регионот, а на местото на несреќата се испратени нуркачи. Мешанинот што несреќниот пожарникар  го спасувал, успешно е извлечен од реката. 

„Спасуваше човек кој спас од надојдената река побара на едно дрво. Го спаси тој човек но спасувачот се откачи од јажето“ изјави начелникот на секторот за вонредни состојби. 

Претходно утрово беше јавено дека во Белград се удави едно лице. „Тоа е прва жртва на поплавите во Србија“ соопшти градоначалникот Синиша Мали. Третата жртва била во Нови САД.

Во цела Србија поради обилните врнежи ситуацијата е тешка, прогласена е вонредна ситуација во 18 општини. Сто илјади домакинства во текот на вчерашниот ден останаа без електрична енергија. 

15.05.2014 - 14:18
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега