Лажела дека имала спонтан абортус - си го закопала штотуку роденото бебе во двор

Вистински хорор го потресе Смедерево. Мајка се породила во својата куќа, а потоа со сопствени раце си го закопала штотуку роденото бебе.

Овој ужасен настан, како што пренесува српскиот Курир, го направила 32-годишната Н.С. која заедно со семејството била под надзор на Центарот за социјална работа. Социјалните работници знаеле дека е бремена, но таа им рекла дека имала спонтан абортус.Социјалните работници се посомневале, па откриле какво ужасно дека направила мајката.

Детето било родено живо и било живо закопано, покажува обдукцијата.

Засега не се знае мотивот за убиството.

15.05.2014 - 14:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега