ФОТО: Мистериозни кругови забележани во Јадранското море

Мистериозните кругови кои се појавиле во Јадранското море биле забележани минатото лето, кога сплитското здружение Сонце, за потребите на јавната установа Природа, која управува со заштитувачките делови на природата, во Приморската-горанска општина, работела на мапирање на морските видови на подрачјето кај островите Унија и Суска.

Сме виделе слики од кругови во житни полиња, на планини, па дури и на пустини, но сега се појавија кругови во море. И тоа во Јадранското море!

По брегот на Долгиот остров во Хрватска настанале овие 28 кругови, а за сега не се знае зошто и како се појавиле.

„Еднакво оддалечени од брегот и меѓусебно еднакво оддалечени по 300 метри, и сите се со иста големина од 50 метри пречник. Кога ги забележавме веднаш се заинтересиравме за нив, но мислевме дека е грешка на аеро снимките, па влеговме подлабоко во водата и откривме дека ивиците на круговите се толку совршени, како некој да ги прави“, се чуди Прван.

Кој, како, што, зошто – се само некои од прашањата, кои засега се вртат во круг и треба да се одговорат.

-Прво мислевме дека можеби е војската, можеби некој ловел со динамит, или пак дека станува збор за нафтени истражувања, но во разговорите со колегите, кои се занимават со експлозив дознавме дека толку совршени кругови не може да настанат од динамит, особено, со пречник од 50 метри повеќе од 20 метри под површината, додал Прван.

За појавата на круговите во Јадранското море било разговарано и во Институтот за геофизика во Загреб, каде на крај се утврдило дека круговите не се настанати ниту од нафтени истражувања, бидејќи нивната методологија не оди хоризонтално, туку вертикално крај брегот.

Се очекува да се направат уште бројни научни истражувања за мистериозните кругови во Јадранското море, во кои би се вклучиле видни и докажани научници. 

 

 

15.05.2014 - 13:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега