Зеленски: Моето пристигнување во Турција е јасна порака до Путин
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека неговото пристигнување во Турција го смета за „јасна порака“ до рускиот претседател Владимир Путин.
“Јас сум тука и мојата порака е јасна“, рече Зеленски додека го напушташе аеродромот во Анкара, по што се очекува да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одговарајќи на новинарските прашања за неговата порака до Путин, објави Укринформ
15.05.2025 - 18:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа