Скопјани нема да ги кршат автомобилите - се санираат ударните дупки низ улиците

 

Јавното претпријатие „Улици и патишта“ работи на санација на ударни дупки низ улиците и булеварите во скопските општини.

Град Скопје соопшти дека се вградени 335 тони асфалт, а екипите на ЈП „Улици и патишта“ работат на санација на ударните дупки на потегот од Средно Водно кон Државна болница.

Iзминатиов период извршена е санација на тротоарот на улица „Христо Татарчев“, а во тек е санацијата на тротоарот на булевар „Кузман Јосифовски Питу“.На улицата „Владимир Комаров“ поставени се 50 заштитни столбчиња за безбедно движење на пешаците и спречување на недозволено паркирање возила на јавните површини, стои во соопштението.

30.04.2014 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега