Наскоро ќе почне градбата на новата полициска станица во Ѓорче Петров
Започнаа подготовките за изградба на новата полициска станица во Општина Ѓорче Петров.
Се расчистува и оградува плацот со површина од 1.668 метри квадратни на кој ќе се реализира новата трокатница каде што покрај полицијата ќе биде сместена и противпожарната единица.
Од општината посочуваат дека наскоро ќе започнат и градежните работи кои треба да бидат завршени за 32 месеца.
Новиот објект на полицијата ќе биде лоциран во близина на црквата Св. Петар и Павле и во непосредна близина на дотраената зграда на противпожарната единица. Зградата ќе има вкупно 3.210 метри квадратни корисна површина.
Со стартот на овој проект општината ќе започне со реализирање на третата фаза за дооформување на проектот „Реонски парк- Ѓорче Петров“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа