ФОТО: Груевски вечерва гостин во популарното ТВ шоу на Миленко

 

Вечерва отворено за проблемите со ДУИ, за СДСМ, за администрацијата, за инвестиции, за Субрата Рој, ексклузивно во популарното телевизиско шоу на Миленко ќе гостува македонскиот премиер Никола Груевски. Прашања до претседателот на Владата ќе имаат можност да му постават сите досегашни учесници во емисијата меѓу кои се и главниот и одговорен уредник на Сител Драган Павловиќ Латас, уредникот на бизнис весникот Капитал и претседател на новата политичка партија Алијансата за позитивна Македонија Зиков, пратеничката на ДПА Флора Кадриу, познатиот музичар Гиш, колумнистот во Нова Македонија Алек Русајков, драматургот Братислав Димитров, поранешниот премиер и лидер на СДСМ и сегашен член на и основач на новата партија Алијансата за позитивна Македонија Владо Бучковски. Пред малку и самиот премиер Никола Груевски на својата Фејсбук страница објави дека вечерва му гостува на Миленко Неделковски, во неговата вечерашна емисија. Груевски објави и фотографија од учесниците во истата.

07.03.2014 - 20:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега