Ќе се легализираат кајчињата во Македонија

 

Над 200 чамци се закотвени во езерата и сите кои не се впишани во регистарот на пловни објекти ќе може да се легализираат до 3 септември годинава.

Ова го овозможи со измените на новиот Законза внатрешна пловидба што беа усвоени од страна на Македонското Собрание.

- Станува збор за стари пловни објекти кои долго време се користат, но не биле регистрирани. Со пропишаните законски мерки конечно ќе се овозможи нивно регистрирање што ќе придонесе кон дополнително зголемување на безбедноста во внатрешната пловидба, истакна денеска на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Легализацијата на чамците ќе се врши со поднесување предлог за легализација до надлежниот суд според местото каде што се наоѓа живеалиштето на сопственикот на тој пловен објект и судот во рок од три дена  ја известува Капетанијата на пристаништа со барање во рок од 24 часа да ја информира јавноста и заинтересираните лица за поднесениот предлог и доколку за 30 дена не се јави друг сопственик на чамецот, ќе се донесе решение за негова легализација.

 

06.03.2014 - 13:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега