Ограбувал цркви и викендици - конечно фатен разбојник од Кочани
Битолската полиција конечно фати кочанчанец кој долго време крадел што му дојде при рака.
Според податоците од полицијата, се работи за 41-годишниот В.И. од Кочани кој во текот на минатата година ограбувал викендици и цркви. Кочанчанецот насилно влегол во четири викендици во битолските села Опеш, Ротино и Гопеш и одзел бакарни предмети и алати во вредност од околу 15.500 денари, а исто така, извршил тешки кражби во црквите „Св. Спас“ во с.Братин Дол и „Св. Атанасиј“ на м.в. „Смолево“,„Св. Ѓорѓија“ кај м.в. „Сребрена Вода“ и „Св. Никола“ во с.Секирани, од каде одзел парични средства во износ од 7.500 денари.
На крајот од минатата година, со подесен алат насилно влегол во шест викендици од кои три во с.Гопеш, две во с.Кажани и една во с.Драгажани битолско, но не одзел ништо, туку само предизвикал материјална штета од околу 4.000 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа