"Дај ни пари и работата е средена" - детали за неготинчаните кои примале поткуп

 

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Кавадарци поднесе кривична пријава против лицата 32-годишниот З.Ј. и 44-годишниот Д.Ѓ. од Неготино, вработен како помлад соработник за геодетски работи поврзани со изготвување на податоци и запишување на промени во катастарот на недвижности  во одделение за катастар на недвижности-Неготино, за сторено кривично дело “примање поткуп“.

Пријавените, во својство на службени лица, а заради стекнување со противправна имотна корист примиле парични средства-поткуп во износ од 400 евра, за да во рамките на своето службено овластување извршат службено дејствие што не би смеело до го извршат, односно извршиле упис на објекти (куќа и дуќан) без соодветно барање за упис на недвижност-објект и без геодетски елаборат за истото, стои во соопштението од полицијата.

 

Имено, З.Ј. и Д.Ѓ. завчера, односно на 25 овој месец на оштетено лице од Неготино, му побарале парична награда-поткуп во износ од 900 евра, а вчера примиле парична награда-поткуп во износ од 400 евра (во договор останатите 500 евра дополнително да им ги даде), со цел на име на оштетеното лице, односно во негова сопственост да впишат објекти (куќа и дуќан) без притоа да се поднесе барање за упис на недвижност-објект и геодетски елаборат за истото, што е спротивно на Закон за катастар на недвижности.

27.02.2014 - 14:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега