Се искршија мотор и „Фиат пунто“ - повредени четворица тетовчани

 

Страотна сообраќајна несреќа се случи утрово на регионалниот пат Тетово-Фалише.

До несреќата дошло откако патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици управувано од 32-годишниот Е.Ќ  се судрило со моторцикл „Томос“ без таблици управуван од страна на 73-годишниот Т.С. од Тетово.

Моторциклистот се здобил со скршеници на ногата и ребрата и е задржан за натамошно лекување. Во болницата задржан е и возачот на „Пунтото“ и двајцата сопатници од Слатино и Бозовце кои имале лесни повреди. 

27.02.2014 - 12:57
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега