Му украле 6.000 евра кои ги чувал под тепих - ограбен старец од Тетово

 

Старец од тетовското село Новаке бил ограбен во периодот помеѓу вторникот и средата.

Засега непознати сторители насилно ја отвориле металната подрумска врата, влегле внатре, извршиле пребарување, но не земале ништо. Потоа, со дрвена скала се искачиле до прозорецот од дневната соба во приземјето на куќата во која немало никој. Насилно го отвориле и прозорецот, извршиле пребарување и од под тепихот земале 16 парчиња разновиден златен накит, како и околу 6000 евра во девизи и денари.

Така, крадците направиле штета од 861.000 денари.

 

27.02.2014 - 12:39
Фото: 
Лидер.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега