Им се превртел автомобилот - малолетник загина во страшна несреќа на патот Пробиштип-Ратевица

 

17 годишно момче загина во страотна сообраќајна несреќа која се случила денеска околу 10:30 часот на патот Пробиштип- Ратевица.

Сообраќајката се случила кога возилото во кое патувале 17 годишниот Александар К. и неговиот сопатник 16 годишниот М.М., се превртело поради неприлагодена брзина. Александар за жал го загубил животот, а 16 годишниот М.М. заработил повреди и бил хоспитализиран во штипската Клиничка болница.

Од штипската полиција велат дека истрагата е во тек.

 

25.02.2014 - 14:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега