Трагедија во Крива Паланка: Момче почина во дворот од неговата куќа
Tрагедија ја потресе Крива Паланка. 31 годишен кривопаланчанец загинал додека работел на покривот на својата куќа.
Според информациите од полицијата, 31 годишниот Виктор Д. загинал додека работел на покривот од семејната куќа, лоцирана на улицата „8-ми Октомври“ во Крива Паланка.
Виктор го поправал покривот, кога изгубил контрола и паднал. 31 годишникот починал на лице место.
25.02.2014 - 11:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа