Еве каде изел 100.000 евра за 3 години поранешниот висок функционер на СДСМ
Неколку елтни ресторани во Куманово и еден во Скопје имале најдобро мени за поранешниот директор на кумановскиот Водовод и екс претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово. Како што веќе објави Press24 Повикувајќи се на информации од кривичната пријава која денеска му е поднесена на 37 годишниот В.Б од Куманово, поранешниот директор во период од 3 години на седенки и ручеци во повеќе кафеани потрошил близу 100.000 евра. Како што дознава Press24 од полициски извори, омилени ресторани на директорот биле рестораните Доминос и Доминос Ултра, Ефо Експорт и Имко Крис во Куманово. Јадел и во ресторанот на ЈП Куманово паркинг на Пелинце, а сакал да руча и во скопска Галија. Во кумановските ресторани јадел на тој начин што им ги компензирал долговите кои тие ги имале за вода, додека во скопска Галија, бидејќи комапнијата не ја користи кумановската вода, ручал на фактура а за тоа подоцна плаќале граѓаните на Куманово.
Интересно е шт ово перидот на директорувањето на В.Б. граѓаните на Куманово се соочува со големи проблеми во водонсабдувањето поради што се организираа и протести.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа