Поранешен висок функционер на СДСМ заработи кривична пријава
Поранешен висок функционер на СДСМ во Куманово ќе договара кривично за незаконско работење.
СВР Куманово постапувајки по поднесена пријава од група вработени во ЈП „Водовод“ Куманово, за незаконско и недомаќинско работење на одговорните лица во јавното претпријатие, до Основно јавно обвинителство Куманово поднесе кривична пријава против В.Б. (38) од Куманово, поранешен директор на ЈП „Водовод“ Куманово, поради основано сомнение декла сторил кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“., информира МВР
Според полицијатапо поднесената пријава извршен е увид во книговодствената евиденција на ЈП „Водовод“, при што е констатирано дека пријавениот во својство на директор на јавното претпријатие во периодот од 2010, 2011 и 2012 година во пет угостителски објекти од Куманово, на кои им било фактурирано за потрошена вода, геодезија и извршени проектантски услуги, не ги наплатувал побарувачките туку ги компензирал со ручеци и седенки со свои пријатели. Исто така и во еден угостителски објект кој не е корисник на градската водоводна мрежа и не е регистриран во ЈП „Водовод“ Куманово како потрошувач на вода, пријавениот користел угостителски услуги на име на ЈП „Водовод“. Полицијата пресметала дека пријавениот го задолжил претпријатието во вкупен износ од 6.030.469 денари.
Инаку, СВР Куманово на пријавениот и предходно му има поднесувано кривични пријави за „Злоупетреба на службена положба и овластување. В.Б директоруваше со кумановскиот Водовод цели 7 години. Остава си поднесе во септември минатата година, а на негово место дојде Горан Стојковски. Во биографијата на осомничениот В.Б. стои и дека бил претседател на општинската организација на СДСМ во Куманово
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа