МВР: Се уште нема осомничени за бомбата во скопски Карпош

 

Се уште нема осомничени ниту очевидци за експлозивната направа која вчера беше детонирана на улицата Варшавска во скопски Карпош, информира МВР. Полицијата се уште не открива за каква експлозивна направа станува збор. Вчера полициски извори за Press24 брифираа дека канцеларијата на социјалдемократската младина која била во близина најверојатно не е цел на нападот.
Од опозициската партија вчера побараа итно расветлување на случајот. 
Се уште непознати лица вчера вечерта фрлиле фксплозивна направа на улицата Варшавска во скопски Карпош. Од експлозијата оштетени беа 5 возила а за среќа, нема повредени.

24.02.2014 - 11:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега