Ахмети се закани: Излегуваме од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ
Или ќе биде по наше или ќе ја напуштиме коалицијата. Најголемата албанска партија во Македонија, преку весникот Вест отворено се закани дека се подготвени да ја напуштат Владата доколку ВМРО-ДПМНЕ не се согласи со нивниот предлог за консензуален кандидат за Претседател на Македонија.
"Ова ќе биде тест за владината коалиција. Ние веруваме дека во досегашната соработка со ВМРОДПМНЕ сме создавале меѓусебна доверба за да можеме да ги надминеме овие разлики. Освен тоа, политика со инает не се води“ - вели пратеничката на ДУИ, Ермира Мехмети во изјава за весникот Вест.
Таа додава дека доколку ВМРО-ДПМНЕ му даде можност за нов мандат на Иванов, тогаш за партијата од Мала Речица сите опци се отворени. Мехмети за Вест вели дека за тоа се разговарало во партијата, но не откирва дали тоа значи дека ДУИ може да му даде поддршка и на кандидатот на опозицијата. Партијата на Ахмети бара консензуален кандидат, односно кадар кој ќе биде прифатлив и за македонскиот но и за албанскиот електорат.
Експертите коментираат дека консензуалниот кандидат практично ги деградира директните избори. СПоред нив, доколку партиите го договорат кандидатот со консензус, се поставува прашањето, зошто би биле потребни сите тие трошоци околу претседателските избори.
Од ВМРО-ДПМНЕ се уште не откриваат дали Иванов ќе добие нов мандат или пак ќе се решат за некој друг кандидат. Премиерот во неколку наврати рече дека има проблеми во коалицијата со ДУИ но дека се решаваат низ дијалог. Како што потенцираше и во новогодишното интервју, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено за избори во секој момент. Доказ за тоа беше и фрлената ракавица на премиерот на крајот од летото, кога побара од опозицијата, веднаш да се распушти собранието и да се оди на предвремени избори. Заев ваквиот предлог го одби со што стана единствениот опозициски лидер во светот, кој не се согласи со предвремени парламентарни избориа
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа