Заев се закани: Или избори по наши правила или улица

Доколку власта не ги прифати нашите барања, не се исклучува можноста повторно да излеземе на улица. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за опозицискиот Слободен печат вели дека опозицијата соодветно ќе реагира доколку власта остане глува на нивните барања.

„Доколку Груевски е упорен во газењето на избирачкото право на граѓаните, ќе добие соодветна реакција. Во случај на неуспех на преговорите, сите опции се отворени. Уличната демократија е последната и најнепосакуваната опција од наша страна. Сакам да верувам дека власта конечно ќе покаже разум и ќе дозволи избори во Македонија што доликуваат на земја којашто аспирира за членство во европското семејство на цивилизирани граѓани“  вели Заев за Слободен печат.

Меѓу барањата на опозицијата е и Владата да го стопира делењето на субвенции во изборната кампања, без разлика на тоа, дали тие се однапред најавени или не. 
Извори од ВМРО-ДПМНЕ велат дека ваквите барања на опозицијата се нерални и се обид да се обезбеди алиби за нов изборен пораз. Според нив, нема ништо спорно во распределбата на субвенциите кои се предвидени со годишни програми.

01.01.2014 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега