Уапсени двајца пиромани: Ја запалиле депонијата во Демир Хисар

 


Полицијата вчера попладне ги лишиле од слобода С.Ф.(28) и А.С.(48), двајцата од Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. 

Како што информира денеска МВР, лицата се сомничат дека предизвикале пожар на градската депонија во Демир Хисар. При преглед кај нив се пронајдени предмети со кои го предизвикале пожарот.

По документирање на настанот, против нив ќе следува соодветна пријава. 

23.04.2025 - 11:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега