ФОТО: Му ги отвориле куферите и имале што да видат - Погледнете ја заплената на Царината
На Меѓународен Аеродром Скопје државјанин на Обединети Арапски Емирати родум од Индија се обидел да криумчари во државата 76 парфеми. Патникот при пристигнување во државата се определил на зелен канал при што поради сомневање е селектиран на царинска контрола. При контролата во двата куфери кои ги носел со себе се пронајдени парфеми со потекло од Дубаи коишто патникот не ги пријавил, информираат денеска од Царинската управа.
Во друг случај на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на патник кој требало да патува со лет на релација Скопје – Лондон – Лутон биле пронајдени 260 пакувања од по 50 грама тутун.
Од Царинската управа информираат дека возач на камион се обидел во државата преку граничниот премин Табановце да шверцува соларен инвертер. Во обидот е спречен од Службата за мобилен скенер која при извршената контрола утврди дека во кабината има неправилности по што е извршен и физички преглед кога е пронајден соларниот инвертер.
Царински службеници на граничниот премин Табановце во куферите на еден од патниците кои патувале со автобус кој сообраќал на релација Скопје – Белград пронашле 129 парчиња суплементи Zeo Medic, додаток во исхрана. Суплементите се запленети, а против патникот ќе биде поведена соодветна постапка.
Царинарниците спречиле обид за шверц на 3.150 ќесички маџун со додатоци, откако патник се обидел истите преку граничен премин Богородица нелагално да ги внесе во државата. Лицето кое патувало со автомобил на прашање дали има нешто да пријави за царина одговорило дека нема ништо за пријавување. Поради сомневање возилото е селектирано за детален преглед при што во багажниот простор во три патнички куфери помеѓу личните предмети, е пронајдена непријавената стока.
Мобилен царински тим на Царинска испостава Табановце при контрола на камион, заплениле 463 парчиња облека со потписот на Ралф Лаурен, Диор, Бос и други модни брендови поради основано сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост.
Царинската управа соопшти дека патник преку граничен премин Ново село се обидел да шверцува разна стока, меѓу која ножеви, клучеви, рибарски прибор, слушалки, машинка за стругање. Во намерата е спречен од царинските службеници кои при контрола на возилото, во багажникот и помеѓу седиштата ја откриле непријавената стока.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа