Почина уште еден затвореник од Идризиво: Имал 35 години
Вчера во 17.50 часот во СВР Скопје, од Комлекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во 15.30 часот кај нив со влошена здравствена состојба бил донесен Д.Т.(35) од Скопје, осуденик во Казнено – поправната установа Затвор Идризово., кој во 17.15 часот починал.
Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Претходно од МВР соопштија дека починал затвореник и од штипскиот затвор.
04.03.2025 - 16:33
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа