Трагичен крај на потрагата: Лидија пронајдена мртва

 


24инфо.мк
 пренесе дека жената која пред неколку денови беше пронајдена во водите на реката Вардар кај Зелениково е всушност Лидија од скопското село Јурумлери.

Потврда за тоа 24инфо добиле од нејзините најблиски.

Лидија (43) исчезна минатата година на осми ноември, а последен пат била видена на автобуската станица во селото Јурумлери.

Потрагата по неа траеше со месеци, а нејзиниот брат и нејзината сестра бараа и меѓународна помош за нејзино пронаоѓање.

15.01.2025 - 11:24

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега