Ја претепал нз автобуска, па ја заклучил дома: Маж заврши зад решетки
На 23.12.2024 во 15.30 часот во скопско село, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода А.Д.(38) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13.30 часот на автобуска постојка во друго скопско село физички ја нападнал својата поранешна 39-годишна сопруга, по што ја заклучил во неговата куќа и упатувал закани кон неа и нивните деца.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
24.12.2024 - 18:18
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа