Рација: Полицијата тресе во Судски совет

 

МВР во моментов е во Судскиот совет каде според информациите до кои дојде Press24 постапува по наредба на обвинителството.

„Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело.“ - се вели во официјалната информација од МВР

Според неофицијалните информации, обвинителството се сомнева дека Судски совет вршел фалсификување на записници, но нема повеќе детали. 

12.12.2024 - 16:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега