Опасна артилериска граната пронајдена во Македонија
РЦУК Битола информира дека во атарот на село Брод, Битола, е пронајдена една стара опасна артилериска граната со калибар 75 mm од Првата светска војна.
Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од ДЗС Битола, вчера во 10:30 часот за понатамошна постапка за безбедно складирање и уништување.
24.04.2025 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа