Инцидент на патарина во Тетово: Маж со остар предмет се заканувал на вработен
Вчера во 14.30 часот на улица „Прохор Пчински“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода
К.В.(30) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од вработен во Наплатна станица Тетово дека околу 12.15 часот на работното место му се заканувал со остар предмет, но бил спречен од друго лице.
Тој е задржан во полициска станица известен јавен обвинител и против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.
11.12.2024 - 14:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа