Апсење на Граничен премин: Косовец понудил пари на македонски полицаец

55-годишен косовски возач е приведен на Граничниот премин Долно Блаце откако на полицискиот службеник му понудил мито. 

Како што соопшти МВР, тој бил фатен како врши меѓународен превоз на патници без потребната документација,

-Денеска околу 10.15 часот на Граничен премин Долно Блаце, полициски службеници го лишиле од слобода С.Х.(55) од Косово. Тој управувал минибус на релација Косово– Грција и кога пристапил на пасошка контрола, поради тоа што немал сертификат за вршење меѓународен превоз на патници, на полицискиот службеник му понудил поткуп. За случајот бил известен Отсекот за прекуграничен криминал и миграции при Регионалниот центар за гранични работи Север, а лицето било приведено во полициска станица за понатамошна постапка, велат од МВР.

04.10.2024 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега